да 2

Честица

Значење на да:

За истакнување и за потсилување на дејството во главните речници.

Оригинални податоци:

да2, чест. За истакнување и за потсилување на дејството во главните речници. 1. При искажување заповед. Да не си станал! Да не си влегол кај нас!. 2. За искажување блага заповед или молба. Да ми дадеш малку леб. Да ми свариш едно кафе. Да ми запееш една песна. 3. За искажување покана. Да ми дојдете в недела. Да ми дојдете на свадба. 4. При благослови и желби за потсилување. Да даде господ од златна лажица да јадете. Бог да ве прости. Бог да ве благослови. 5. Во клетви, при негодување. Да пукнеш! Да не станеш од место! 6. При чудење и изненаденост. Тој да не праша за мене!? Тој да се срами!? 7. Во прашања. Да не нѐ ти е арно? Да не си болен? 8. За поживо предавање на дејството. Надвор да истура, да врне цела ноќ.