Оригинални податоци:
да2, сврз. За поврзување во зависносложени реченици. 1. За поврзување на целни зависносложени реченици, обично се јавува со предлогот за: за да, како сложен сврзник; сп. за да. Таа застана да ме види поубаво. Тој трчаше да го стаса автобусот. 2. а) Во условни зависносложени реченици, во реален и нереален услов, обично при вториов; сп. ако. Јас да бев на ваше место, би молчела и би работела. Да знам што ме чека, не ќе се мислам. б) Со предлогот без: без да = ако не. Нема да оздравиш без да се лекуваш. 3. а) Во условно-допусни зависносложени реченици заедно со и, сп. и ако. И да не дојдеш со нас, нема да ти се налутиме. И да умрам, не се предавам. б) Со честичката дури: дури и да. Нема да попуштам дури и да ме молат. 4. За дополнување на глаголот во главната реченица. Почна да се смее. Сакаше да остане. 5. Во составот на сложени сврзници: како да, кога да, колку да, место да, пред да. Отвори уста како да сака нешто да каже. Кога да дојдам, неа не ја наоѓам. Колку да мислиш, исто ти е. Место да учи, тој цела ноќ шета. Престани пред да ја направиме голема.