даде
Значење на даде:
1. Врачи нешто од едни раце во други. Ми даде вода. Дај ми книга! Дај ја личната карта!
2. Препушти нешто во сопственост на друг, подари. За роденден му даде подарок.
3. Омажи. Ја дадоа за богат старец.
4. Испрати некого некаде на работа, се погрижи за неговата работа. Го даде чирак. Го даде во интернат.
5. Плати, размени, продаде. Го дадов коњот за вреќа брашно. Колку даде за куќата? Даде пари за куќата.
6. Одреди години, возраст. Никој не би ѝ дал повеќе од триесет и пет години.
7. Се закани со казна, со ќотек. Ќе ти дадам јас тебе добра лекција.
8. Произведе, роди. Нивата даде род.
9. Одржи, изведе, приреди нешто пред публика. Даде концерт. Даде претстава.
10. Дозволи, допушти, се согласи. Не ѝ даде да оди кај татко ѝ. 1Предаде, испрати некому во надлежност. Даде оглас во весник. Даде оставка на функцијата. 12. Жртвува. Го даде својот живот за татковината. 13. Однесе некаде нешто. Го даде автомобилот на поправка. 14. Отуѓи, подари несебично. Тој даде крв. 15. Приреди, настапи пред публика. Оркестарот даде концерт. . 16. Со именка, може да го замени глаголот именуван со именката. Даде наредба – нареди; даде одговор – одговори; даде гаранција – гарантира.
Коњугација: дадам , дадат , даден, дадоа , дадов , дај , дајте , дал , (ќе) дадеа , (ќе) дадев , (ќе) дадел .
Изведени зборови:
- дава, глаг. несв. даваат
- давање, глаг. им. ср.
- се ~ даде, Се држи, не се предава (обично одречно). Тој не се даде никому.
Фразеолошки израз / поговорка:
Даде Бог – изразување желба, преколнување. Даде збор, аманет – вети, се заколне. Даде глас – 1. се согласи. 2. се јави, се огласи. Даде глава (рака, живот, збор) – цврсто гарантира. Даде сѐ од себе – направи сѐ што може.
Оригинални податоци:
даде, дадам, дадат; дај, дајте; дадов, дадоа; дал; (ќе) дадев, (ќе) дадеа; (ќе) дадел; даден св. 1. Врачи нешто од едни раце во други. Ми даде вода. Дај ми книга! Дај ја личната карта! 2. Препушти нешто во сопственост на друг, подари. За роденден му даде подарок. 3. Омажи. Ја дадоа за богат старец. 4. Испрати некого некаде на работа, се погрижи за неговата работа. Го даде чирак. Го даде во интернат. 5. Плати, размени, продаде. Го дадов коњот за вреќа брашно. Колку даде за куќата? Даде пари за куќата. 6. Одреди години, возраст. Никој не би ѝ дал повеќе од триесет и пет години. 7. Се закани со казна, со ќотек. Ќе ти дадам јас тебе добра лекција. 8. Произведе, роди. Нивата даде род. 9. Одржи, изведе, приреди нешто пред публика. Даде концерт. Даде претстава. 10. Дозволи, допушти, се согласи. Не ѝ даде да оди кај татко ѝ. 11. Предаде, испрати некому во надлежност. Даде оглас во весник. Даде оставка на функцијата. 12. Жртвува. Го даде својот живот за татковината. 13. Однесе некаде нешто. Го даде автомобилот на поправка. 14. Отуѓи, подари несебично. Тој даде крв. 15. Приреди, настапи пред публика. Оркестарот даде концерт. . 16. Со именка, може да го замени глаголот именуван со именката. Даде наредба – нареди; даде одговор – одговори; даде гаранција – гарантира. ● се ~ Се држи, не се предава (обично одречно). Тој не се даде никому. ◊ Даде Бог – изразување желба, преколнување. Даде збор, аманет – вети, се заколне. Даде глас – 1. се согласи. 2. се јави, се огласи. Даде глава (рака, живот, збор) – цврсто гарантира. Даде сѐ од себе – направи сѐ што може. ǁ дава, даваат несв. ǁ глаг. им. давање с.