далечен
Значење на далечен:
1. Што е на голема оддалеченост. Далечна земја. Далечно пукање.
2. Што е дамнешен, на големо временско растојание. Далечно минато. Далечно детство.
3. Што е оддалеку. Влезе далечен патник.
4. Што има малку заедничко со некого; туѓ. Браќата станаа далечни.
5. Што е во слаба роднинска врска. Далечен роднина.
Членувана форма: далечниот.
Изведени зборови:
- далечно, прил. Далечно гргори реката.
- далечност, и. ж.
Оригинални податоци:
далечен, далечниот прид. 1. Што е на голема оддалеченост. Далечна земја. Далечно пукање. 2. Што е дамнешен, на големо временско растојание. Далечно минато. Далечно детство. 3. Што е оддалеку. Влезе далечен патник. 4. Што има малку заедничко со некого; туѓ. Браќата станаа далечни. 5. Што е во слаба роднинска врска. Далечен роднина. ǁ далечно прил. Далечно гргори реката. ǁ далечност ж.