далеку

Прилог

Значење на далеку:

1. На голема оддалеченост. Појде далеку од дома. Замина далеку.

2. (прен.) На големо временско растојание. Далеку е она време кога полковникот влегуваше во нејзината соба.

3. (прен.) Многу, во голема мера. Далеку повеќе постигнува. Далеку пообемно дело.

Изведени зборови:

  • далечко, прил. дем.
  • далечку, прил. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Далеку да е – да не ни се случи нам. Ни оддалеку – никако, на никаков начин. Остави далеку зад себе – постигне голема предност над некого. Отиде далеку – постигне големи резултати, големи успеси; претера. Подалеку од него! – избегнувај го.

Оригинални податоци:

далеку прил. 1. На голема оддалеченост. Појде далеку од дома. Замина далеку. 2. (прен.) На големо временско растојание. Далеку е она време кога полковникот влегуваше во нејзината соба. 3. (прен.) Многу, во голема мера. Далеку повеќе постигнува. Далеку пообемно дело. ◊ Далеку да е – да не ни се случи нам. Ни оддалеку – никако, на никаков начин. Остави далеку зад себе – постигне голема предност над некого. Отиде далеку – постигне големи резултати, големи успеси; претера. Подалеку од него! – избегнувај го. ǁ далечко прил. дем. ǁ далечку прил. дем.