дамкоса
Значење на дамкоса:
1. Направи дамка на нешто, извалка. Си ја дамкосал кошулата.
2. Стави белег, жиг, печат. Шумарот ги дамкосал дрвјата.
Коњугација: дамкосаат.
Изведени зборови:
- дамкосување, глаг. им. ср.
- се ~ дамкоса, Добие дамки. Лисјата ќе се дамкосаат. Лицето сето му се дамкоса.
- (се) дамкосува, глаг. несв. (се) дамкосуваат
Оригинални податоци:
дамкоса, дамкосаат св. 1. Направи дамка на нешто, извалка. Си ја дамкосал кошулата. 2. Стави белег, жиг, печат. Шумарот ги дамкосал дрвјата. ● се ~ Добие дамки. Лисјата ќе се дамкосаат. Лицето сето му се дамкоса. ǁ (се) дамкосува, (се) дамкосуваат несв. ǁ глаг. им. дамкосување ср.