данок
Значење на данок:
Дел од доходот, од трудот и сл. што ѝ се дава на државата или на општината. Собира данок. Неплатен данок.Множина: даноци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Плаќа данок – ги трпи последиците од некои свои поранешни постапки и слабости.
Оригинални податоци:
данок, мн. даноци м. Дел од доходот, од трудот и сл. што ѝ се дава на државата или на општината. Собира данок. Неплатен данок. ◊ Плаќа данок – ги трпи последиците од некои свои поранешни постапки и слабости.