дар

Именка, машки род

Значење на дар:

1. Тоа што по своја волја се дава некому; подарок. Срцето ѝ го ветил за дар. Повели, цвеќе за дар.

2. Невестински подарок (обично во мн.). Невестата делеше дарови. Извади свадбени дарови.

3. Природна способност, дарба, талент. Таа има вонреден дар за раскажување. Го бие глас на дипломат со дар.

4. Плод. Господ дар и бериќет да ѝ даде!

Множина: дарови.

Изведени зборови:

  • дарчок, и. м. Дем. од дар 1.

Оригинални податоци:

дар, мн. дарови м. 1. Тоа што по своја волја се дава некому; подарок. Срцето ѝ го ветил за дар. Повели, цвеќе за дар. 2. Невестински подарок (обично во мн.). Невестата делеше дарови. Извади свадбени дарови. 3. Природна способност, дарба, талент. Таа има вонреден дар за раскажување. Го бие глас на дипломат со дар. 4. Плод. Господ дар и бериќет да ѝ даде! ǁ дарчок, мн. дарчоци м. Дем. од дар 1.