датум

Именка, машки род

Значење на датум:

1. Точно календарско време (ден, месец, година) на некој настан. На кој датум си роден?

2. Поблизок или подалечен момент во однос на времето во кое се зборува. Промените во градот се од понов датум.

3. Важен настан, појава. Илинденското востание е важен датум во историјата на македонскиот народ.

Множина: датуми.

Оригинални податоци:

датум, мн. датуми м. 1. Точно календарско време (ден, месец, година) на некој настан. На кој датум си роден? 2. Поблизок или подалечен момент во однос на времето во кое се зборува. Промените во градот се од понов датум. 3. Важен настан, појава. Илинденското востание е важен датум во историјата на македонскиот народ.