дедо

Именка, машки род

Значење на дедо:

1. Татко на еден од родителите. Тој беше плукнат дедо му. Го замоли деда си да му каже приказна.

2. Татко на жената, на сопругата, во однос на зетот. Дедото и зетот беа задоволни од постигнатиот успех. Тој не беше во добри односи со родителите на својата жена, особено со дедото.

3. Стар човек, старец. Стариот дедо ја отвори портата. Од црквата излегоа момчиња, девојки, баби, дедовци.

4. (само мн.) Предок. Тоа е завет на нашите дедовци. Тој ги остави коските далеку од гробот на своите дедовци.

5. (само едн.) При обраќање или именување на свештено лице или на господ. Добре дојде, дедо попе! Застудува, дедо владико. Чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце.

Множина: дедовци.

Изведени зборови:

  • деде, и. ср. мн. дедиња ; деденце, мн. деденца ; дедуле, мн. дедулиња хип.
  • дедиште, и. ср. пејор.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дедо Мраз – личност од приказните, старец со бела брада и мустаќи, со црвена бунда и ќулавка што дели подароци за Нова година. Од дедо Ное; Од дедо-прадедо – од памтивек, од најстари времиња.

Оригинални податоци:

дедо, мн. дедовци м. 1. Татко на еден од родителите. Тој беше плукнат дедо му. Го замоли деда си да му каже приказна. 2. Татко на жената, на сопругата, во однос на зетот. Дедото и зетот беа задоволни од постигнатиот успех. Тој не беше во добри односи со родителите на својата жена, особено со дедото. 3. Стар човек, старец. Стариот дедо ја отвори портата. Од црквата излегоа момчиња, девојки, баби, дедовци. 4. (само мн.) Предок. Тоа е завет на нашите дедовци. Тој ги остави коските далеку од гробот на своите дедовци. 5. (само едн.) При обраќање или именување на свештено лице или на господ. Добре дојде, дедо попе! Застудува, дедо владико. Чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце. ◊ Дедо Мраз – личност од приказните, старец со бела брада и мустаќи, со црвена бунда и ќулавка што дели подароци за Нова година. Од дедо Ное; Од дедо-прадедо – од памтивек, од најстари времиња. ǁ деде, мн. дедиња ср.; деденце, мн. деденца ср.; дедуле, мн. дедулиња ср. хип. ǁ дедиште, мн. дедишта ср. пејор.