дедовски

Придавка

Значење на дедовски:

1. Што се однесува на дедо, што му припаѓа на дедо; дедо 1, 2 и 3. Дедовска нежност. Дедовски приказни.

2. Што се однесува на татковина, на роден крај. Немаштијата ги тераше да си ги оставаат дедовските огништа.

3. Што е од старо време, од дамнина. Таков бил животот од дедовско време.

Членувана форма: дедовскиот.

Оригинални податоци:

дедовски, дедовскиот прид. 1. Што се однесува на дедо, што му припаѓа на дедо; в. дедо 1, 2 и 3. Дедовска нежност. Дедовски приказни. 2. Што се однесува на татковина, на роден крај. Немаштијата ги тераше да си ги оставаат дедовските огништа. 3. Што е од старо време, од дамнина. Таков бил животот од дедовско време.