дејство
Значење на дејство:
1. Пројавување на некаква енергија, дејствување, функционирање. Архимед го открил дејството на лостот. Разорно дејство на експлозивот. Ја пушти машината во дејство. Со голема вештина ги вршеше сите тие дејства.
2. Резултат, последица, влијание, впечаток од нешто. Овој отров има смртоносно дејство. Под дејството на алкохолот стануваше насилен и груб. Неговите зборови имаа силно дејство.
3. Вооружен судир, борбена акција. Започнале воени дејства во пограничните области.
4. Тек од настани, случувања во некое литературно дело. Дејството на романот почнува во минатиот век. Двигатели на дејството во текстот се децата. Во вториот чин од драмата, дејството достигнува кулминација.
5. (грам.) Значење, содржина на глаголот.
Множина: дејства.
Оригинални податоци:
дејство, мн. дејства ср. 1. Пројавување на некаква енергија, дејствување, функционирање. Архимед го открил дејството на лостот. Разорно дејство на експлозивот. Ја пушти машината во дејство. Со голема вештина ги вршеше сите тие дејства. 2. Резултат, последица, влијание, впечаток од нешто. Овој отров има смртоносно дејство. Под дејството на алкохолот стануваше насилен и груб. Неговите зборови имаа силно дејство. 3. Вооружен судир, борбена акција. Започнале воени дејства во пограничните области. 4. Тек од настани, случувања во некое литературно дело. Дејството на романот почнува во минатиот век. Двигатели на дејството во текстот се децата. Во вториот чин од драмата, дејството достигнува кулминација. 5. (грам.) Значење, содржина на глаголот.