деканат

Именка, машки род

Значење на деканат:

1. Раководна управа и администрација на факултет. Тоа ќе биде пречка за правилното функционирање на деканатите.

2. Место, просторија во која е сместена и работи управата на факултетот. Овие документи треба да се однесат во деканатот.

Множина: деканати.

Изведени зборови:

  • деканатски, прид. деканатскиот Што припаѓа, што се однесува на деканат.

Оригинални податоци:

деканат, мн. деканати м. 1. Раководна управа и администрација на факултет. Тоа ќе биде пречка за правилното функционирање на деканатите. 2. Место, просторија во која е сместена и работи управата на факултетот. Овие документи треба да се однесат во деканатот. ǁ деканатски, деканатскиот прид. Што припаѓа, што се однесува на деканат.