декламација

Именка, женски род

Значење на декламација:

1. Текст (обично песна) што се декламира, се рецитира; рецитација. За секоја пригода знаеше по некоја декламација.

2. (прен., обично во мн.) Бессодржаен говор, кажување, празни, патетични зборови. Тој не се задоволи со повторувањето на тие банални декламации.

Множина: декламации.

Оригинални податоци:

декламација, мн. декламации ж. 1. Текст (обично песна) што се декламира, се рецитира; рецитација. За секоја пригода знаеше по некоја декламација. 2. (прен., обично во мн.) Бессодржаен говор, кажување, празни, патетични зборови. Тој не се задоволи со повторувањето на тие банални декламации.