декларира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на декларира:

1. Објави, објавува нешто, изнесе, изнесува некаков став за нешто. Тој отворено ја декларира својата определба за вооружена борба. Овде, тие слободно можат да го декларираат своето потекло.

2. (админ.) Означи, означува, пријави, пријавува нешто во декларација 2. Тој не ја декларира целата купена стока.

Коњугација: декларираат , декларирајќи.

Изведени зборови:

  • се ~ декларира, Се изјасни, се определи за некого или за нешто. Тие ги помагаат националните движења, но не се декларираат пред јавноста.

Оригинални податоци:

декларира, декларираат; декларирајќи св. и несв. 1. Објави, објавува нешто, изнесе, изнесува некаков став за нешто. Тој отворено ја декларира својата определба за вооружена борба. Овде, тие слободно можат да го декларираат своето потекло. 2. (админ.) Означи, означува, пријави, пријавува нешто во декларација 2. Тој не ја декларира целата купена стока. ● се ~ Се изјасни, се определи за некого или за нешто. Тие ги помагаат националните движења, но не се декларираат пред јавноста.