дел

Именка, машки род

Значење на дел:

1. Тоа што е помало од целината, што претставува нејзин составен елемент, член. Дел од географска карта. Еден дел од селаните се вратија назад.

2. Тоа што е издвоено во однос на некоја целина. Асфалтиран дел од патот. Нов дел на градот. Се упати кон задниот дел од дворот. На горниот дел од челото имаше рана.

3. Предмет со посебна функција во рамките на некоја направа. Од деловите на еден стар струјомер се обидуваше да направи електрично ѕвонче.

4. Тоа што припаѓа некому при делба на нешто. Твојот дел од дуќанот ќе ми го препишеш мене. Му падна криво оти не му дадоа еднаков дел од парите. Имотот го разделив на четири дела.

5. Удел, учество во нешто. Тој има голем дел во нивната победа. Мојот дел во таа работа е сосема мал.

Множина: дела, делови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дел по дел – малку по малку, полека. Лавовски дел – (книж.) неспоредливо поголем дел, најголем дел.

Оригинални податоци:

дел, мн. делови, избр. мн. дела м. 1. Тоа што е помало од целината, што претставува нејзин составен елемент, член. Дел од географска карта. Еден дел од селаните се вратија назад. 2. Тоа што е издвоено во однос на некоја целина. Асфалтиран дел од патот. Нов дел на градот. Се упати кон задниот дел од дворот. На горниот дел од челото имаше рана. 3. Предмет со посебна функција во рамките на некоја направа. Од деловите на еден стар струјомер се обидуваше да направи електрично ѕвонче. 4. Тоа што припаѓа некому при делба на нешто. Твојот дел од дуќанот ќе ми го препишеш мене. Му падна криво оти не му дадоа еднаков дел од парите. Имотот го разделив на четири дела. 5. Удел, учество во нешто. Тој има голем дел во нивната победа. Мојот дел во таа работа е сосема мал. ◊ Дел по дел – малку по малку, полека. Лавовски дел – (книж.) неспоредливо поголем дел, најголем дел.