делба

Именка, женски род

Значење на делба:

1. Постапка со која нешто се дели; делење, поделба, определување дел. Делбата на покуќнината се вршеше со големо спокојство. Јас не сум видел досега толку делби во едно село.

2. Разделба, одделување од некого или од нешто. Уште носам жал во душава од делбата со него.

Множина: делби.

Оригинални податоци:

делба, мн. делби ж. 1. Постапка со која нешто се дели; делење, поделба, определување дел. Делбата на покуќнината се вршеше со големо спокојство. Јас не сум видел досега толку делби во едно село. 2. Разделба, одделување од некого или од нешто. Уште носам жал во душава од делбата со него.