дели

Глагол, свршен и несвршен

Значење на дели:

1. Направи, прави помали делови, расчлени, расчленува нешто врз некоја основа или мерка. Децата го делија лебот на еднакви парчиња. Ги пржеа рипчињата и ги делеа на сите. Дружината ја делеше својата пљачка.

2. Направи, прави поделба на категории, групи, класи и сл. Јас не ги делам луѓето на лоши и арни. Бродовите ги делеле на три групи. Според видот, глаголите ги делиме на свршени и несвршени.

3. Разграничи, разграничува две нешта или едно од друго нешто. Долината ги делеше двете планини. Реката го дели полето на три дела. Многу нешта нѐ делат. Беше потпрена на работ што го дели огништето од ѕидот.

4. Разграничи нешто по време и растојание. Еден чекор го делеше од работ на бездната. Од карпата го делеа само стотина метри. Токму еден век нѐ дели од тоа време.

5. Направи, прави поделба во едно семејство, раздели, разделува, оддели, одделува од некого или од нешто. Родителите ги делија младите една недела по свадбата. Ништо не може да ме дели од тебе. Јатрвите ги делија браќата.

6. Изгледа поинаку, се разликува, двои од нешто. Само сивите очи и белите заби делеа во бојата.

7. Користи, располага со нешто заеднички. Тие ја делат власта и фронтот. Се сложија да живеат под еден покрив, да делат една соба.

8. Прифати нечие мислење, став и сл., се согласи за нешто со некого. Јас не го делам тоа мислење. Никој не ја дели нејзината желба за совршенство и чистота.

9. (прен.) Упати зборови, искаже, намени, даде од себе некому нешто. Тој им дели мошне штедри и ласкави епитети. Судијата продолжил да дели правда.

10. (прен.) Сподели, споделува, преживее, преживува нешто со некого. Ќе делиме заедно и добро и зло. Не би сакал со никого да ги делам моиве ноќи тука. Сака со некого да ја дели одговорноста. 1(мат.) Врши операција на делење на некој број. Наполно потонати во работата, тие множат, делат и собираат.

Коњугација: делат.

Изведени зборови:

  • делење, глаг. им. ср.
  • се ~ дели, 1. Се раздвои, се раздвојува, се раздели, се разделува на делови. Реката се делеше во два ракава. Патеката по која одеше се делеше на две. На ова место се дели патот. 2. Се раздели на групи, категории и сл. Луѓето почнаа да се собираат и да се делат на групи. За него, сите девојки на светот се делат на две сорти. Гласовите се делат на две групи: самогласки и согласки. 3. Се оддалечи, се одвои, се раздели од некого или од нешто. Двајцата браќа сѐ заедно работеле и никогаш не се делеле. Не се делам јас од неа. Тешко му беше да се дели од родното место. 4. Се оддели, се издвои (со имотот) од семејството. Синовите веднаш по женидбата се делија. Треба да ги натерам браќата да се делат. Јас ќе се делам од дома. 5. Се оддели од нешто, не може да остане во цврст спој. Превареното месо се делеше од коските. Сувата кора се делеше од стеблото и паѓаше.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како што му делиле – како што знае и умее. Толку му делиле – толкави му се умствените способности. Залакот го дели (со некого) – 1. иако нема и за себе доволно, помага, дава некому нешто; 2. има еднаква судбина, живее во еднакви услови.

Оригинални податоци:

дели, делат св. и несв. 1. Направи, прави помали делови, расчлени, расчленува нешто врз некоја основа или мерка. Децата го делија лебот на еднакви парчиња. Ги пржеа рипчињата и ги делеа на сите. Дружината ја делеше својата пљачка. 2. Направи, прави поделба на категории, групи, класи и сл. Јас не ги делам луѓето на лоши и арни. Бродовите ги делеле на три групи. Според видот, глаголите ги делиме на свршени и несвршени. 3. Разграничи, разграничува две нешта или едно од друго нешто. Долината ги делеше двете планини. Реката го дели полето на три дела. Многу нешта нѐ делат. Беше потпрена на работ што го дели огништето од ѕидот. 4. Разграничи нешто по време и растојание. Еден чекор го делеше од работ на бездната. Од карпата го делеа само стотина метри. Токму еден век нѐ дели од тоа време. 5. Направи, прави поделба во едно семејство, раздели, разделува, оддели, одделува од некого или од нешто. Родителите ги делија младите една недела по свадбата. Ништо не може да ме дели од тебе. Јатрвите ги делија браќата. 6. Изгледа поинаку, се разликува, двои од нешто. Само сивите очи и белите заби делеа во бојата. 7. Користи, располага со нешто заеднички. Тие ја делат власта и фронтот. Се сложија да живеат под еден покрив, да делат една соба. 8. Прифати нечие мислење, став и сл., се согласи за нешто со некого. Јас не го делам тоа мислење. Никој не ја дели нејзината желба за совршенство и чистота. 9. (прен.) Упати зборови, искаже, намени, даде од себе некому нешто. Тој им дели мошне штедри и ласкави епитети. Судијата продолжил да дели правда. 10. (прен.) Сподели, споделува, преживее, преживува нешто со некого. Ќе делиме заедно и добро и зло. Не би сакал со никого да ги делам моиве ноќи тука. Сака со некого да ја дели одговорноста. 11. (мат.) Врши операција на делење на некој број. Наполно потонати во работата, тие множат, делат и собираат. ● се ~ 1. Се раздвои, се раздвојува, се раздели, се разделува на делови. Реката се делеше во два ракава. Патеката по која одеше се делеше на две. На ова место се дели патот. 2. Се раздели на групи, категории и сл. Луѓето почнаа да се собираат и да се делат на групи. За него, сите девојки на светот се делат на две сорти. Гласовите се делат на две групи: самогласки и согласки. 3. Се оддалечи, се одвои, се раздели од некого или од нешто. Двајцата браќа сѐ заедно работеле и никогаш не се делеле. Не се делам јас од неа. Тешко му беше да се дели од родното место. 4. Се оддели, се издвои (со имотот) од семејството. Синовите веднаш по женидбата се делија. Треба да ги натерам браќата да се делат. Јас ќе се делам од дома. 5. Се оддели од нешто, не може да остане во цврст спој. Превареното месо се делеше од коските. Сувата кора се делеше од стеблото и паѓаше. ◊ Како што му делиле – како што знае и умее. Толку му делиле – толкави му се умствените способности. Залакот го дели (со некого) – 1. иако нема и за себе доволно, помага, дава некому нешто; 2. има еднаква судбина, живее во еднакви услови. ǁ глаг. им. делење ср.