дело

Именка, среден род

Значење на дело:

1. Резултат, производ од работа. Дело на вредни раце.

2. Производ на духовниот труд (во областа на уметностите, на науката и др.) Научно дело. Собрани дела.

3. Постапка, чин. Добро дело. Хумано дело. Епохално дело.

4. (прав.) Тоа што е сторено, направено. Кривично дело.

Множина: дела.

Фразеолошки израз / поговорка:

Животно дело – најважното научно, уметничко или друго дело што го обележува еден творечки живот. Ќе излезе дело на видело – ништо не може да се скрие. Фатен на дело – (раз)откриен при извршувањето на делото.

Оригинални податоци:

дело, мн. дела ср. 1. Резултат, производ од работа. Дело на вредни раце. 2. Производ на духовниот труд (во областа на уметностите, на науката и др.) Научно дело. Собрани дела. 3. Постапка, чин. Добро дело. Хумано дело. Епохално дело. 4. (прав.) Тоа што е сторено, направено. Кривично дело. ◊ Животно дело – најважното научно, уметничко или друго дело што го обележува еден творечки живот. Ќе излезе дело на видело – ништо не може да се скрие. Фатен на дело – (раз)откриен при извршувањето на делото.