демократизира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на демократизира:

1. Воведе, воведува демократски начела и установи, шири демократија. Новото уредување ги демократизира односите меѓу луѓето.

2. Приближи, приближува до народот. Новото уредување ја демократизира и културата.

Коњугација: демократизираат , демократизирајќи.

Изведени зборови:

  • демократизирање, глаг. им. ср.
  • се ~ демократизира, Се обнародува, се приближува до народот. По војната се демократизираа сите гранки во општеството.

Оригинални податоци:

демократизира, демократизираат; демократизирајќи св. и несв. 1. Воведе, воведува демократски начела и установи, шири демократија. Новото уредување ги демократизира односите меѓу луѓето. 2. Приближи, приближува до народот. Новото уредување ја демократизира и културата. ● се ~ Се обнародува, се приближува до народот. По војната се демократизираа сите гранки во општеството. ǁ глаг. им. демократизирање ср.