демон

Именка, машки род

Значење на демон:

1. Кај старите Грци – божество, добар или лош дух врзан за судбината на еден човек. По еден демон бдее над секој човек.

2. Лош дух, ѓавол, сатана. Демон и ангел. Подземни демони. Царуваат демони. Светец и демон.

3. (прен.) Лош човек, проклетник. Те знам јас што демон си.

Множина: демони.

Изведени зборови:

  • демонски, прид. демонскиот

Оригинални податоци:

демон, мн. демони м. 1. Кај старите Грци – божество, добар или лош дух врзан за судбината на еден човек. По еден демон бдее над секој човек. 2. Лош дух, ѓавол, сатана. Демон и ангел. Подземни демони. Царуваат демони. Светец и демон. 2. (прен.) Лош човек, проклетник. Те знам јас што демон си. ǁ демонски, демонскиот прид.