ден
Значење на ден:
1. Времето од изгревање до заоѓање на сонцето; ноќ. Вчерашен ден. Долг ден. Зимски ден. Работи по цел ден. Работен ден.
2. Деноноќие (ден и ноќ заедно), период од дваесет и четири часа. Три дена лежеше болна. Треба два-три дена да поминат.
3. (само во мн.) Определен период, дел од животот. Гимназиски денови. Студенски денови. Старечки денови. Тешки денови.
4. Определен датум поврзан со некој настан, посветен на некого или на нешто. Ден на независноста. Ден на просветата. Ден на мртвите.
Множина: дена, денови, дни.
Изведени зборови:
- денчок, и. м. (само едн.) дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бели пари за црни денови – чува пари за секој случај. Голем ден – (верски) празник. Ден година – долг ден; денот многу долго трае. До ден-денес / до ден-денеска / до ден денешен – до сега, до овој момент. Ден за ден / денизден – постојано, секој ден исто. На ден – Куковден – никогаш. Не виде бел ден – помина тежок живот. Не е секој ден Велигден – не може секој ден да има сѐ во изобилие. Некрстени денови – деновите од Божиќ до Водици, „опасни“ денови за луѓето, денови исполнети со лоши духови и сл. Ноќта ден ја прави – многу работи. Од ден на ден – со денови, ден по ден. Суден ден – последен ден, крај на светот. Ќе дојде (мојот) ден – време кога ќе можам да направам нешто. Четириесет дена – значаен ден од раѓањето на бебето (кога се зема Голема молитва); значаен ден од смртта на човекот (Првиот помен), шест недели. Добар ден – поздрав на поминување и на влегување.
Оригинални податоци:
ден, мн. денови/дни, избр. мн. дена м. 1. Времето од изгревање до заоѓање на сонцето; спрот. ноќ. Вчерашен ден. Долг ден. Зимски ден. Работи по цел ден. Работен ден. 2. Деноноќие (ден и ноќ заедно), период од дваесет и четири часа. Три дена лежеше болна. Треба два-три дена да поминат. 3. (само во мн.) Определен период, дел од животот. Гимназиски денови. Студенски денови. Старечки денови. Тешки денови. 4. Определен датум поврзан со некој настан, посветен на некого или на нешто. Ден на независноста. Ден на просветата. Ден на мртвите. ◊ Бели пари за црни денови – чува пари за секој случај. Голем ден – (верски) празник. Ден година – долг ден; денот многу долго трае. До ден-денес / до ден-денеска / до ден денешен – до сега, до овој момент. Ден за ден / денизден – постојано, секој ден исто. На ден – Куковден – никогаш. Не виде бел ден – помина тежок живот. Не е секој ден Велигден – не може секој ден да има сѐ во изобилие. Некрстени денови – деновите од Божиќ до Водици, „опасни“ денови за луѓето, денови исполнети со лоши духови и сл. Ноќта ден ја прави – многу работи. Од ден на ден – со денови, ден по ден. Суден ден – последен ден, крај на светот. Ќе дојде (мојот) ден – време кога ќе можам да направам нешто. Четириесет дена – значаен ден од раѓањето на бебето (кога се зема Голема молитва); значаен ден од смртта на човекот (Првиот помен), шест недели. Добар ден – поздрав на поминување и на влегување. ǁ денчок (само едн.) м. дем.