денационализира
Значење на денационализира:
1. Насилно лиши, лишува некој народ од неговите особини, претопи, претопува во друга нација. Го денационализирале македонското население.
2. Врати, враќа национализиран имот на поранешните сопственици. Денационализира имот.
Коњугација: денационализираат , денационализирајќи.
Изведени зборови:
- денационализирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
денационализира, денационализираат; денационализирајќи св. и несв. 1. Насилно лиши, лишува некој народ од неговите особини, претопи, претопува во друга нација. Го денационализирале македонското население. 2. Врати, враќа национализиран имот на поранешните сопственици. Денационализира имот. ǁ глаг. им. денационализирање ср.