денар

Именка, машки род

Значење на денар:

Основна парична единица во Република Северна Македонија. Десет денари. Сто денари.

Множина: денара, денари.

Изведени зборови:

  • денарски, прид. денарскиот Што се однесува на денарот. Денарска противвредност.
  • денарче, и. ср. 1. Хип од денар. 2. (прен.) Паричка. Неколку денарчиња.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нема скршен денар – нема пари.

Оригинални податоци:

денар, мн. денари, избр. мн. денара м. Основна парична единица во Република Северна Македонија. Десет денари. Сто денари. ◊ Нема скршен денар – нема пари. ǁ денарски, денарскиот прид. Што се однесува на денарот. Денарска противвредност. ǁ денарче, мн. денарчиња ср. 1. Хип од денар. 2. (прен.) Паричка. Неколку денарчиња.