денес
Значење на денес:
1. Овој ден, денешниов ден. Денес е четврток. Учителот праша кој е отсутен денес.
2. Ова време, сега. Денес младите се поинакви. Нашиот литературен јазик денеска ни се претставува со установена граматичка структура.
Алтернативно: денеска
Изведени зборови:
- денешен, прид. денешниот Што е од денес, што се однесува на денес. Денешен ден. Денешен леб. Денешен весник. Денешен јазик. Денешна состојба. Од денешен аспект.
Фразеолошки израз / поговорка:
Денес(ка) за денес(ка) – мисли за сега, не мисли за иднината. Денес-утре – се очекува за брзо, за кусо време, кај и да е. Живее од денес(ка) до/за утре – 1. одвај живее, живурка; 2. троши безгрижно, не мисли за иднината.
Оригинални податоци:
денес и денеска прил. 1. Овој ден, денешниов ден. Денес е четврток. Учителот праша кој е отсутен денес. 2. Ова време, сега. Денес младите се поинакви. Нашиот литературен јазик денеска ни се претставува со установена граматичка структура. ◊ Денес(ка) за денес(ка) – мисли за сега, не мисли за иднината. Денес-утре – се очекува за брзо, за кусо време, кај и да е. Живее од денес(ка) до/за утре – 1. одвај живее, живурка; 2. троши безгрижно, не мисли за иднината. ǁ денешен, денешниот прид. Што е од денес, што се однесува на денес. Денешен ден. Денешен леб. Денешен весник. Денешен јазик. Денешна состојба. Од денешен аспект.