денгуба

Именка, женски род

Значење на денгуба:

1. Залудно потрошено време. Противник е на мрзливоста и на денгубата. Не гледај во туѓите денгуби.

2. м. Тој што денгуби, што залудно го троши времето. Покрај патниците секогаш имаше и денгуби што седеа на станицата. Тие беа денгуби, седеа во кафеаната и цел ден раскажуваа за старите времиња. Не биди денгуба.

Множина: денгуби.

Оригинални податоци:

денгуба, мн. денгуби ж. 1. Залудно потрошено време. Противник е на мрзливоста и на денгубата. Не гледај во туѓите денгуби. 2. м. Тој што денгуби, што залудно го троши времето. Покрај патниците секогаш имаше и денгуби што седеа на станицата. Тие беа денгуби, седеа во кафеаната и цел ден раскажуваа за старите времиња. Не биди денгуба.