дере
Значење на дере:
1. Симнува кожа од животно. Дереше вол. Дере јаре.
2. (прен.) Бездушно ограбува со претерана цена, камата и сл. Ги дере луѓето со камата. Им ја дере кожата на селаните.
3. (прен.) Предизвикува болка на гребење. Што викаш, што си го дереш грлото. Ме дере грлото.
Коњугација: дерат , дереа , дерев , дерејќи , дерел , дерен , дерете , дери , драа , драв , драл , дран..
Изведени зборови:
- дерење, глаг. им. ср.
- се ~ дере, Вика силно. Се дере на цел глас.
Оригинални податоци:
дере, дерат; дери, дерете; дерев, дереа; дерел; дерен; дерејќи; мин. св. драв; драа; драл; дран. несв. 1. Симнува кожа од животно. Дереше вол. Дере јаре. 2. (прен.) Бездушно ограбува со претерана цена, камата и сл. Ги дере луѓето со камата. Им ја дере кожата на селаните. 3. (прен.) Предизвикува болка на гребење. Што викаш, што си го дереш грлото. Ме дере грлото. ● се ~ Вика силно. Се дере на цел глас. ǁ глаг. им. дерење ср.