дете

Именка, среден род

Значење на дете:

1. Човечко суштество во раниот период од својот развој, од раѓање до пубертет; момче или девојче во рана возраст. Дете годиначе. Мало дете. Сите деца се исти.

2. Чедо, пород, потомок. Децата ме гледаат. Ќе имаме дете. Ти си ми дете. Вонбрачно дете.

3. (прен.) Незрел човек. Цело дете. Големо дете.

Множина: деца.

Изведени зборови:

  • детенце, и. ср. мн. детенца; детуле, мн. детулиња дем и хип.; дечиња мн. дем и хип.
  • детиште, и. ср. пејор.
  • детски, прид. детскиот Детски џагор. Детска смеа. Детска облека. Детска претстава. Детска литература. Детска игра. Детска возраст. Детски болести.

Фразеолошки израз / поговорка:

Детски додаток – помош на државата во пари за дете.

Оригинални податоци:

дете, мн. деца ср. 1. Човечко суштество во раниот период од својот развој, од раѓање до пубертет; момче или девојче во рана возраст. Дете годиначе. Мало дете. Сите деца се исти. 2. Чедо, пород, потомок. Децата ме гледаат. Ќе имаме дете. Ти си ми дете. Вонбрачно дете. 3. (прен.) Незрел човек. Цело дете. Големо дете. ◊ Детски додаток – помош на државата во пари за дете. ǁ детенце, мн. детенца; детуле, мн. детулиња ср. дем и хип.; дечиња мн. дем и хип. ǁ детиште, мн. дечишта ср. пејор. ǁ детски, детскиот прид. Детски џагор. Детска смеа. Детска облека. Детска претстава. Детска литература. Детска игра. Детска возраст. Детски болести.