детектор

Именка, машки род

Значење на детектор:

1. Апарат што ги фаќа радиосигналите и другите електромагнетни бранови и ги претвора во звучни. Бренли го пронашол првиот детектор за електромагнетски бранови во 1890 година.

2. Назив на различни уреди што служат да се открие присуство на некоја материја, на некој предмет или на некое движење: бојни отрови, мини, подморници, пожар и др. Детектор за мини. Детектор за фреквенција во сообраќајот.

3. Апарат што ги бележи физиолошките промени кај обвинетиот или сомнителниот за време на неговото сослушување. Детектор на лагата.

Множина: детектори.

Оригинални податоци:

детектор, мн. детектори м. 1. Апарат што ги фаќа радиосигналите и другите електромагнетни бранови и ги претвора во звучни. Бренли го пронашол првиот детектор за електромагнетски бранови во 1890 година. 2. Назив на различни уреди што служат да се открие присуство на некоја материја, на некој предмет или на некое движење: бојни отрови, мини, подморници, пожар и др. Детектор за мини. Детектор за фреквенција во сообраќајот. 3. Апарат што ги бележи физиолошките промени кај обвинетиот или сомнителниот за време на неговото сослушување. Детектор на лагата.