девалвација

Именка, женски род

Значење на девалвација:

1. Законско намалување на вредноста на една валута со решение на владата или на централната банка на една земја.

2. (прен.) Намалување на вредноста на нешто, обезвреднување, омаловажување. Постои обид за девалвација на наградата.

Множина: девалвации.

Оригинални податоци:

девалвација, мн. девалвации ж. 1. Законско намалување на вредноста на една валута со решение на владата или на централната банка на една земја. 2. (прен.) Намалување на вредноста на нешто, обезвреднување, омаловажување. Постои обид за девалвација на наградата.