девијација
Значење на девијација:
1. (физ.) Поместување на некое тело од правецот на движење под влијание на нешто. Кај електричниот компас нема девијации.
2. (прен.) Негативна промена или изместување во нормалниот развој на одделна појава, процес и сл. Оваа појава претставува еден вид девијација од јазичната норма. Тој пишува за девијациите во општествениот живот.
Множина: девијации.
Оригинални податоци:
девијација, мн. девијации ж. 1. (физ.) Поместување на некое тело од правецот на движење под влијание на нешто. Кај електричниот компас нема девијации. 2. (прен.) Негативна промена или изместување во нормалниот развој на одделна појава, процес и сл. Оваа појава претставува еден вид девијација од јазичната норма. Тој пишува за девијациите во општествениот живот.