дигне
Спореди: крене.
Значење на дигне:
1. Помести некого или нешто од пониска на повисока положба. Го дигна детето. Ја дигна книгата од подот. Дигне раце.
2. Исправи, постави нешто како што стои или како што треба да стои. Дигни го столот.
3. Изгради, постави, подигне нешто на земјата, на подлога (куќа, монтажен објект, шатор и др.). Многу брзо ја дигнаа куќата.
4. Скорне некого што седи, што е на некое место. Ги дигна децата за да седне. Го дигна од работа.
5. Разбуди, скорне некого од спиење. Го дигнаа во три часот по полноќ.
6. (разг.) Украде, ограби. Го запреле и му ги дигнале парите.
7. Покачи, зголеми (цена, брзина и др.)
Коњугација: дигнаа , дигнав , дигнал , дигнат , дигнат , дигнете , дигни , (ќе) дигнеа , (ќе) дигнев , (ќе) дигнел.
Изведени зборови:
- дига, глаг. несв. дигаат
- дигање, глаг. им. ср.
- дигнување, глаг. им. ср.
- се ~ дигне, 1. Се крене на повисоко. Гулабите се дигнаа до облаци. Маглата се дигна. Сонцето се дигна. 2. Се исправи, потстане, стане. Одвај се дигна на нозе. Детето се дигна на раце. 3. Се покачи, се зголеми (температура, притисок и др.)
- (се) дигнува, глаг. несв. (се) дигнуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Дигне бунт (востание) – започне да се бунтува; започне востание. Дигне врева – почне силно да се расправа. Дигне глава – се охрабри; се побуни. Се дига на големо (на високо) – се замислува, се прави многу важен. Дигне прашина – предизвика за нешто многу да се зборува, да се пишува. Дигне раменици – покаже дека не знае. Дигне чаша – наздрави.
Оригинални податоци:
дигне, дигнат; дигни, дигнете; дигнав, дигнаа; дигнал; дигнат; (ќе) дигнев, (ќе) дигнеа; (ќе) дигнел св. сп. крене. 1. Помести некого или нешто од пониска на повисока положба. Го дигна детето. Ја дигна книгата од подот. Дигне раце. 2. Исправи, постави нешто како што стои или како што треба да стои. Дигни го столот. 3. Изгради, постави, подигне нешто на земјата, на подлога (куќа, монтажен објект, шатор и др.). Многу брзо ја дигнаа куќата. 4. Скорне некого што седи, што е на некое место. Ги дигна децата за да седне. Го дигна од работа. 5. Разбуди, скорне некого од спиење. Го дигнаа во три часот по полноќ. 6. (разг.) Украде, ограби. Го запреле и му ги дигнале парите. 7. Покачи, зголеми (цена, брзина и др.) ● се ~ 1. Се крене на повисоко. Гулабите се дигнаа до облаци. Маглата се дигна. Сонцето се дигна. 2. Се исправи, потстане, стане. Одвај се дигна на нозе. Детето се дигна на раце. 3. Се покачи, се зголеми (температура, притисок и др.) ◊ Дигне бунт (востание) – започне да се бунтува; започне востание. Дигне врева – почне силно да се расправа. Дигне глава – се охрабри; се побуни. Се дига на големо (на високо) – се замислува, се прави многу важен. Дигне прашина – предизвика за нешто многу да се зборува, да се пишува. Дигне раменици – покаже дека не знае. Дигне чаша – наздрави. ǁ дига, дигаат несв. ǁ глаг. им. дигање ср. ǁ (се) дигнува, (се) дигнуваат несв. ǁ глаг. им. дигнување ср.