дијахронија

Именка, женски род

Значење на дијахронија:

1. Случување на некои појави во различно време.

2. (лингв.) Разгледување на историските промени на даден јазик во текот на различни временски периоди; синхронија. Јазична дијахронија.

Множина: дијахронии.

Изведени зборови:

  • дијахрониски, прид. дијахронискиот Дијахрониски план. Дијахрониски пресек. Дијахрониски процес. Од дијахрониска гледна точка.
  • дијахроничност, и. ж.

Оригинални податоци:

дијахронија, мн. дијахронии ж. 1. Случување на некои појави во различно време. 2. (лингв.) Разгледување на историските промени на даден јазик во текот на различни временски периоди; спрот. синхронија. Јазична дијахронија. ǁ дијахрониски, дијахронискиот прид. Дијахрониски план. Дијахрониски пресек. Дијахрониски процес. Од дијахрониска гледна точка. ǁ дијахроничност ж.