диктира

Глагол, несвршен

Значење на диктира:

1. Зборува, кажува или чита нешто што друг го запишува од збор до збор.

2. (прен.) Наложува некому нешто да прави, заповедува, условува, наметнува своја волја. Ги диктира условите.

Коњугација: диктираат , диктирајќи.

Изведени зборови:

  • диктирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

диктира, диктираат; диктирајќи несв. 1. Зборува, кажува или чита нешто што друг го запишува од збор до збор. 2. (прен.) Наложува некому нешто да прави, заповедува, условува, наметнува своја волја. Ги диктира условите. ǁ глаг. им. диктирање ср.