димии

Именка, женски род

Само во множина.

Значење на димии:

1. Дел од женска (обично муслиманска) народна облека, вид шалвари со широки ногавици, набрани под колената или околу глуждовите. Свилени димии.

2. Дел од машка (обично муслиманска) народна облека, вид чакшири од чоја, од сукно, со широки ногавици стеснети под колената.

Оригинални податоци:

димии (само во мн.) ж. 1. Дел од женска (обично муслиманска) народна облека, вид шалвари со широки ногавици, набрани под колената или околу глуждовите. Свилени димии. 2. Дел од машка (обично муслиманска) народна облека, вид чакшири од чоја, од сукно, со широки ногавици стеснети под колената.