дипломира
Значење на дипломира:
Положи, полага завршен испит на факултет, висока школа и сл. по кој се добива диплома. Дипломира на филолошкиот факултет.Коњугација: дипломираат , дипломирајќи.
Изведени зборови:
- дипломирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
дипломира, дипломираат; дипломирајќи св. и несв. Положи, полага завршен испит на факултет, висока школа и сл. по кој се добива диплома. Дипломира на филолошкиот факултет. ǁ глаг. им. дипломирање ср.