директен
Значење на директен:
1. Што е поврзан, што се прави без посредник; непосреден. Директен контакт. Директно прашање. Директен одоговор. Директна врска. Директен следбеник.
2. За човек – што е отворен, што не премолчува. Директен човек, сѐ што има ќе ти каже.
3. За телевизиски или радиопренос – што се врши во истиот момент кога се случува настанот. Директен пренос на натпреварот. Директен пренос на фестивалот.
4. За превозно средство – што врши превоз без застанување на попатни станици. Директен автобус.
Членувана форма: директниот.
Изведени зборови:
- директно, прил. Непосредно, веднаш. Се додаваат директно. Учествуваше директно без претходна најава.
Оригинални податоци:
директен, директниот прид. 1. Што е поврзан, што се прави без посредник; непосреден. Директен контакт. Директно прашање. Директен одоговор. Директна врска. Директен следбеник. 2. За човек – што е отворен, што не премолчува. Директен човек, сѐ што има ќе ти каже. 3. За телевизиски или радиопренос – што се врши во истиот момент кога се случува настанот. Директен пренос на натпреварот. Директен пренос на фестивалот. 4. За превозно средство – што врши превоз без застанување на попатни станици. Директен автобус. ǁ директно прил. Непосредно, веднаш. Се додаваат директно. Учествуваше директно без претходна најава.