дисциплина

Именка, женски род

Значење на дисциплина:

1. Строго утврден ред и правила, задолжителни за сите членови на некој колектив; почитување на тие правила. Војниците не ја почитуваа дисциплината. Не трпам никаква дисциплина, сакам да бидам потполно слободен.

2. Строгост спрема самиот себе и совесност во работата. Работна дисциплина. Тој уште од млади години беше човек со силна дисциплина на духот и телото.

3. Посебна гранка, област од некоја наука, уметност, спорт и сл. Филозофска дисциплина. Ликовна дисциплина. Научна дисциплина.

Множина: дисциплини.

Изведени зборови:

  • дисциплински, прид. дисциплинскиот Дисциплинска комисија. Дисциплинска казна. Дисциплинска постапка.

Оригинални податоци:

дисциплина, мн. дисциплини ж. 1. Строго утврден ред и правила, задолжителни за сите членови на некој колектив; почитување на тие правила. Војниците не ја почитуваа дисциплината. Не трпам никаква дисциплина, сакам да бидам потполно слободен. 2. Строгост спрема самиот себе и совесност во работата. Работна дисциплина. Тој уште од млади години беше човек со силна дисциплина на духот и телото. 3. Посебна гранка, област од некоја наука, уметност, спорт и сл. Филозофска дисциплина. Ликовна дисциплина. Научна дисциплина. ǁ дисциплински, дисциплинскиот прид. Дисциплинска комисија. Дисциплинска казна. Дисциплинска постапка.