дише

Глагол, несвршен

Значење на дише:

1. Вовлекува воздух во организмот (преку нос или уста) и го испушта од себе, вдишува и издишува. Дишеше длабоко и гледаше во темнината. Тешко дишеше.

2. (прен.) Живее, постои; покажува знак на живот. Градот дише сиромашки.

3. (прен.) Се пројавува, се изразува со нешто, на некој начин. Поетски занес дише и од писмото на постариот брат.

Коњугација: дишат , дишеа , дишев , дишејќи , дишел , дишен , дишење, дишете , диши .

Алтернативно: диши

Изведени зборови:

  • дишење, глаг. им. ср. дишење ◊ Вештачко дишење – (мед.) предизвикување на дишење со соодветни движења на градниот кош и др. кога природното дишење ќе престане. Го знам како дише – добро го познавам (некого, нешто).

Оригинални податоци:

дише и диши, дишат; диши, дишете; дишев, дишеа; дишел; дишен; дишејќи; дишење несв. 1. Вовлекува воздух во организмот (преку нос или уста) и го испушта од себе, вдишува и издишува. Дишеше длабоко и гледаше во темнината. Тешко дишеше. 2. (прен.) Живее, постои; покажува знак на живот. Градот дише сиромашки. 3. (прен.) Се пројавува, се изразува со нешто, на некој начин. Поетски занес дише и од писмото на постариот брат. ǁ глаг. им. дишење ср. ◊ Вештачко дишење – (мед.) предизвикување на дишење со соодветни движења на градниот кош и др. кога природното дишење ќе престане. Го знам како дише – добро го познавам (некого, нешто).