дискретен
Значење на дискретен:
1. Што умее да чува тајна, доверлив, сигурен. Дискретен возач.
2. Воздржан, умерен, префинет, ненаметлив. Дискретен наклон. Дискретни бои.
Членувана форма: дискретниот.
Изведени зборови:
- дискретно, прил. Го погледна дискретно. Одговори дискретно. Се насмеа дискретно. Дискретно му шепна.
Оригинални податоци:
дискретен, дискретниот прид. 1. Што умее да чува тајна, доверлив, сигурен. Дискретен возач. 2. Воздржан, умерен, префинет, ненаметлив. Дискретен наклон. Дискретни бои. ǁ дискретно прил. Го погледна дискретно. Одговори дискретно. Се насмеа дискретно. Дискретно му шепна.