дискриминација

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на дискриминација:

Ограничување, оспорување на правата на определена општествена група поради својата расна, етничка, верска или социјална припадност од страна на доминантна општествена група; правна нееднаквост, обесправеност. Расна дискриминација. Јазична дискриминација.

Изведени зборови:

  • дискриминациски, прид. дискриминацискиот Дискриминациска политика.

Оригинални податоци:

дискриминација (само едн.) ж. Ограничување, оспорување на правата на определена општествена група поради својата расна, етничка, верска или социјална припадност од страна на доминантна општествена група; правна нееднаквост, обесправеност. Расна дискриминација. Јазична дискриминација. ǁ дискриминациски, дискриминацискиот прид. Дискриминациска политика.