диверзија

Именка, женски род

Значење на диверзија:

1. (воен.) Самостојна воена операција со цел да се одвлече вниманието на непријателот од главното боиште. Со диверзијата ќе го одвлечеме вниманието на непријателот.

2. Илегална акција, саботажа на важни воени и индустриски објекти, железнички пруги и др. од страна на агенти на некоја странска земја. Непозната група изврши диверзија на железничката станица.

3. (прен.) Деструктивна постапка. Постојано ги расипува состаноците, прави диверзија.

Множина: диверзии.

Изведени зборови:

  • диверзантски, прид. диверзантскиот Диверзантска група. Диверзантска акција.

Оригинални податоци:

диверзија, мн. диверзии ж. 1. (воен.) Самостојна воена операција со цел да се одвлече вниманието на непријателот од главното боиште. Со диверзијата ќе го одвлечеме вниманието на непријателот. 2. Илегална акција, саботажа на важни воени и индустриски објекти, железнички пруги и др. од страна на агенти на некоја странска земја. Непозната група изврши диверзија на железничката станица. 3. (прен.) Деструктивна постапка. Постојано ги расипува состаноците, прави диверзија. ǁ диверзантски, диверзантскиот прид. Диверзантска група. Диверзантска акција.