дизгин
Обично во множина.
Значење на дизгин:
Еден од двата краја на уздата, каишот, ременот што се држи кога се управува впрегнат коњ. Со дизгини в раце. Ги затегна дизгините. Ги тргаше дизгините.Множина: дизгини .
Фразеолошки израз / поговорка:
В раце ги држи дизгините – сѐ е под контрола, управува со ситуацијата. Ги стегне / стегнува, притегне / притегнува дизгините – постапи, постапува строго кон некого, управува, владее со некого. Ги олабави / олабавува, испушти / испушта, (от)пушти дизгините од рацете – (из)губи авторитет, власт, (по)пушти од строгоста. Ги скина дизгините – се ослободи од нешто.
Оригинални податоци:
дизгин, (обично во мн.) дизгини м. Еден од двата краја на уздата, каишот, ременот што се држи кога се управува впрегнат коњ. Со дизгини в раце. Ги затегна дизгините. Ги тргаше дизгините. ◊ В раце ги држи дизгините – сѐ е под контрола, управува со ситуацијата. Ги стегне / стегнува, притегне / притегнува дизгините – постапи, постапува строго кон некого, управува, владее со некого. Ги олабави / олабавува, испушти / испушта, (от)пушти дизгините од рацете – (из)губи авторитет, власт, (по)пушти од строгоста. Ги скина дизгините – се ослободи од нешто.