џабе

Прилог

Разговорен збор, израз.

Значење на џабе:

1. Бесплатно, бадијала; за многу ниска цена. Сакаше ливадата џабе да ти остане.

2. Залудно, напразно. Џабе си го абам зборот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Џабе работи, џабе не седи – не биди бескорисен, не губи го времето бескорисно.

Оригинални податоци:

џабе, прил. (разг.) 1. Бесплатно, бадијала; за многу ниска цена. Сакаше ливадата џабе да ти остане. 2. Залудно, напразно. Џабе си го абам зборот. ◊ Џабе работи, џабе не седи – не биди бескорисен, не губи го времето бескорисно.