џамбаз
Архаизам.
Значење на џамбаз:
1. Трговец со коњи, препродавач на коњи. Џамбазите ги трчаат кобилите што ги купиле пред еден, а ги продаваат по половина час.
2. (прен.) Тој што знае да се пазари, да направи пазарлак, да извлече корист. Голем џамбаз е.
Множина: џамбази.
Изведени зборови:
- џамбаски, прил. Стариот наметливо, џамбаски почнал да се фодули.
- џамбаски, прид. џамбаскиот
Оригинални податоци:
џамбаз, мн. џамбази м. (арх.) 1. Трговец со коњи, препродавач на коњи. Џамбазите ги трчаат кобилите што ги купиле пред еден, а ги продаваат по половина час. 2. (прен.) Тој што знае да се пазари, да направи пазарлак, да извлече корист. Голем џамбаз е. ‖ џамбаски, џамбаскиот прид. ‖ џамбаски прил. Стариот наметливо, џамбаски почнал да се фодули.