џбурне

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на џбурне:

1. Вовлече рака во нешто барајќи нешто, пребарувајќи. Таа џбурна во торбата и ги извади клучовите.

2. а) Стави нешто некаде, тури нешто. Многу шеќер си џбурнала во кафево. Му го џбурна весникот и излезе од собата. б) Стави нешто каде што не му е местото, каде што тешко може да се најде; зафрли. Кој знае кај го џбурнав писмото, не можам да го најдам.

3. Бликне. Од устата му џбурна густа шурка.

Коњугација: (ќе) џбурнеа , (ќе) џбурнев , (ќе) џбурнел, џбурнаа , џбурнав , џбурнал , џбурнат , џбурнат , џбурнете , џбурни .

Изведени зборови:

  • се ~ џбурне, Влезе, скокне во вода. Се џбурна во вода.
  • (се) џбурнува, глаг. несв. (се) џбурнуваат
  • џбурнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

џбурне, џбурнат; џбурни, џбурнете; џбурнав, џбурнаа; џбурнал; џбурнат; (ќе) џбурнев, (ќе) џбурнеа; (ќе) џбурнел св. (разг.) 1. Вовлече рака во нешто барајќи нешто, пребарувајќи. Таа џбурна во торбата и ги извади клучовите. 2. а) Стави нешто некаде, тури нешто. Многу шеќер си џбурнала во кафево. Му го џбурна весникот и излезе од собата. б) Стави нешто каде што не му е местото, каде што тешко може да се најде; зафрли. Кој знае кај го џбурнав писмото, не можам да го најдам. 3. Бликне. Од устата му џбурна густа шурка. ● се ~ Влезе, скокне во вода. Се џбурна во вода. ‖ (се) џбурнува, (се) џбурнуваат несв. ‖ глаг. им. џбурнување ср.