џеб
Значење на џеб:
1. Мало платнено ќесе зашиено над или во облеката за носење ситни предмети. Го извади паричникот од внатрешниот џеб на палтото.
2. (разг.) Пари како парични средства во оптек. Го праша зошто трошел не само од својот туку и од џебот на општеството.
3. (мед.) Мали ќесиња формирани во непцето помеѓу забите во кои се собира храната.
Множина: џебови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Џебот му е полн – има пари, богат е. Има длабок џеб – има многу пари, богат е. Има плиток џеб – нема пари, сиромав е. Си ги полни џебовите – се богати. Му го наполни џебот некому – направи некој добро да заработи, направи некого богат. Плати од свој џеб – плати со сопствени пари. Има, држи некого в џеб – има власт врз некого. Познава како својот џеб – добро познава некого или нешто. Ни в џеб, ни од џеб – ниту нешто добива/ зема, ниту губи/ дава.
Оригинални податоци:
џеб, мн. џебови м. 1. Мало платнено ќесе зашиено над или во облеката за носење ситни предмети. Го извади паричникот од внатрешниот џеб на палтото. 2. (разг.) Пари како парични средства во оптек. Го праша зошто трошел не само од својот туку и од џебот на општеството. 3. (мед.) Мали ќесиња формирани во непцето помеѓу забите во кои се собира храната. ◊ Џебот му е полн – има пари, богат е. Има длабок џеб – има многу пари, богат е. Има плиток џеб – нема пари, сиромав е. Си ги полни џебовите – се богати. Му го наполни џебот некому – направи некој добро да заработи, направи некого богат. Плати од свој џеб – плати со сопствени пари. Има, држи некого в џеб – има власт врз некого. Познава како својот џеб – добро познава некого или нешто. Ни в џеб, ни од џеб – ниту нешто добива/ зема, ниту губи/ дава.