џемпер
Значење на џемпер:
Плетена волнена или памучна блуза со долги ракави, со или без копчиња. Го облече шарениот џемпер врз кошулата. Не ги оставија ни палто, ни џемпер да наметнат, така по кошули ги поведоа.Множина: џемпери.
Изведени зборови:
- џемперче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
џемпер, мн. џемпери м. Плетена волнена или памучна блуза со долги ракави, со или без копчиња. Го облече шарениот џемпер врз кошулата. Не ги оставија ни палто, ни џемпер да наметнат, така по кошули ги поведоа. ‖ џемперче, мн. џемперчиња ср. дем.