џитне
Разговорен збор, израз.
Значење на џитне:
1. Фрли силно со замавнување. Го зграби и го џитна накај вратата. Вешто ги џитна зарчињата.
2. (жарг.) Испие нешто набрзина. Ќе џитнеме по една ракија.
Коњугација: (ќе) џитнеа , (ќе) џитнев , (ќе) џитнел, џитнаа , џитнав , џитнал , џитнат , џитнат , џитнете , џитни .
Изведени зборови:
- се ~ џитне, 1. Скокне во нешто, на нешто. Се џитна во реката и почна да плива. Тој не дозволи да му се џитне на вратот. 2. Потрча, јурне на некого или нешто, се устреми, нападне некого. Тој како стрела се џитна по нив.
- (се) џитнува, глаг. несв. (се) џитнуваат
- џитнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
џитне, џитнат; џитни, џитнете; џитнав, џитнаа; џитнал; џитнат; (ќе) џитнев, (ќе) џитнеа; (ќе) џитнел св. (разг.) 1. Фрли силно со замавнување. Го зграби и го џитна накај вратата. Вешто ги џитна зарчињата. 2. (жарг.) Испие нешто набрзина. Ќе џитнеме по една ракија. ● се ~ 1. Скокне во нешто, на нешто. Се џитна во реката и почна да плива. Тој не дозволи да му се џитне на вратот. 2. Потрча, јурне на некого или нешто, се устреми, нападне некого. Тој како стрела се џитна по нив. ‖ (се) џитнува, (се) џитнуваат несв. ‖ глаг. им. џитнување ср.