џвака

Глагол, несвршен

Значење на џвака:

1. Ситни, дроби со заби и размекнува храна и др. Го извади парчето леб и почна да џвака. Џвака тутун. Џвака мастика.

2. (прен.) Постојано, многу зборува; дрдори. Ај не туку џвакај што-годе! 3. Зборува бавно, нејасно, неразбирливо. Ги џвака зборовите. 4. (прен.) Повторува едно исто. Цел ден џвака една лекција.

Коњугација: џвакаат.

Изведени зборови:

  • џвакање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Гума за џвакање – слатка и ароматизирана растеглива материја за џвакање.

Оригинални податоци:

џвака, џвакаат несв. 1. Ситни, дроби со заби и размекнува храна и др. Го извади парчето леб и почна да џвака. Џвака тутун. Џвака мастика. 2. (прен.) Постојано, многу зборува; дрдори. Ај не туку џвакај што-годе! 3. Зборува бавно, нејасно, неразбирливо. Ги џвака зборовите. 4. (прен.) Повторува едно исто. Цел ден џвака една лекција. ‖ глаг. им. џвакање ср. ◊ Гума за џвакање – слатка и ароматизирана растеглива материја за џвакање.